Популарната социјална мрежа почна да прави дизајнерски промени уште во август минатата година, а сега тој проект продолжува со целосно нови икони на Твитер.
Во текот на изминатите неколку дена, Twitter најави воведување на целосно нов дизајн на икони што се користи на услугата. Промената не е голема, но во наредните денови би требало да стане видлива за сите корисници.
The goal was to create a cohesive set of icons that are bold in shape and style yet still relatable and a little cheeky where possible. pic.twitter.com/vXphgv4pCK
— Twitter Design (@TwitterDesign) October 21, 2022
Дизајнерскиот тим на социјалната мрежа објави на платформата дека целта на проектот е да се создаде кохезивна група на икони, кои имаат смела форма и стил, но сепак се поврзани.
Промената на дизајнот, која започна минатата година, започна со додавање на фонтот Chirp на социјалната мрежа и промена на начинот на прикажување на боите.