Корисниците кои ја користат апликацијата Zoom почнаа да забележуваат реклами.
Zoom почна тест период на прикажување реклами на корисниците кои бесплатно ги користат неговите услуги. Рекламите се прикажуваат во прелистувачот по завршувањето на разговорот и се видливи само откако разговорот ќе биде хостиран од други Basic корисници. Тестирањето за рекламирање е ограничено на одредени земји.
Компанијата ја промени својата политика за приватност за да биде компатибилна со новитетот. Zoom нема да користи содржини од состаноци, вебинари и разговори за „маркетинг, промоција и рекламирање од трети страни“,
Рекламните партнери би можеле да користат колачиња за следење на активноста на корисниците на Zoom веб-локацијата, но тие може да се блокираат преку Zoom алатката за управување со колачињата.
Zoom очекува рекламната програма „да ѝ овозможи да поддржува инвестиции и да продолжи да им обезбедува на бесплатните Basic корисници пристап до робусна платформа“.
Basic корисниците можат да учествуваат во неограничен број состаноци, но се ограничени на 30 минути повици еден на еден и 40 минути групни состаноци. Исто така, немаат никаква услуга во облак за складирање на снимки од состаноци или пристап до опции како што се транскрипти.
Zoom стана клучна алатка за милиони корисници кога масовно се работеше од дома, поради пандемијата на коронавирус. Многумина го избраа бесплатниот план бидејќи нуди солидни карактеристики.
Поради тоа, не треба да чуди што Zoom се сврте кон реклами, кои барем засега не се наметливи и ја почитуваат приватноста на корисниците.