Компанијата BMX од Сингапур претстави нова серија преносни батерии SolidSafe, кои користат полуцврсти (semi-solid-state) батерии наместо класични литиум-јонски ќелии.

Главната предност на оваа технологија е значително помалата количина на запалива течност во батеријата, што го намалува ризикот од прегревање, надувување и пожар.

Понудата се состои од модели со капацитет од 5.000 и 10.000 mAh со Qi2 магнетно безжично полнење, USB-C брзо полнење и алуминиумско куќиште, објавува веб-страницата Android Authority.

Компанијата тврди дека уредите се поотпорни на физичко оштетување и екстремни температури од традиционалните надворешни батерии.

Претставен е и моделот SolidSafe Air со капацитет од 5.000 mAh, за кој BMX тврди дека е најтенкиот Qi2 power bank со полуцврста батерија во светот. Дебелината на уредот е само 6,8 милиметри, додека поддржува безжично полнење од 15W и жично полнење од 20W.