Наместо проследување една порака на еден примател, популарниот мејл клиент Gmail нуди можност за праќање неколку пораки одеднаш во една единствена порака. Звучи комплицирано, но е многу едноставно.

Ако сакате некому да му испратите неколку пораки преку Gmail, тоа можете да го направите со праќање една порака. Но, пред тоа треба да внимавате на едно ограничување – конечната порака не смее да е поголема од 25 мегабајти.

Процедурата на испраќање повеќе пораки во една е многу едноставна: изберете неколку пораки што сакате да ги проследите. Кликнете на десниот клик, па потоа „Forward as attachment“. Потоа следуваат оние вообичаени чекори како додавање на примателот на пораката и текстот што ќе му го напишете и на крај испраќањето.

Доколку не ви се чита водичот, можете да го погледнете видеото од Google во кое е објаснето како можете да испраќате повеќе пораки во една порака.

Извор: Tportal.hr