Првите слики и спецификации на новиот Google часовник се појавија на необичен начин.

Google има прилично богата историја на протекување информации за уредот, а сега имаме уште еден примерок за колекцијата. Прототип на Pixel Watch 5 се појави во длабочините на Атлантскиот Океан, откривајќи го дизајнот на уредот многу пред неговото официјално лансирање.

Фотографиите од часовникот ги сподели Ренди Пичфорд, коосновач на Gearbox Software – студиото зад франшизата Borderlands.

Според објава на социјалната мрежа X, часовникот е пронајден при нуркање во близина на карипскиот остров Сент Мартин. Пичфорд забележал дека паметниот часовник имал доволно резервна енергија за да го прикаже времето, но дека неговата главна батерија била целосно испразнета. Од напред, Pixel Watch 5 изгледа идентично со својот претходник.

Google Pixel watch 5 has been found scuba diving
byu/KillMySkill inPixelWatch

На задната страна има неколку ознаки кои откриваат некои од клучните спецификации. Тие вклучуваат IP68 отпорност на вода и прашина, што очигледно спречува солената вода да го оштети ентериерот на часовникот. Исто така, можеме да го забележиме брендирањето на Pixel Watch 5, како и ознаката од 45 mm, што потврдува дека ќе биде со иста големина како поголемиот Pixel Watch 4.

Други ознаки потврдуваат присуство на сензор за срцев ритам, UWB чип, сензор за пулс, како и сатурација на кислород во крвта (SpO2) и следење на температурата на кожата. Единствените други информации што ги имаме за Pixel Watch 5 се дека би можел да пристигне со прилагоден Tensor чипсет, наместо процесорите Qualcomm Snapdragon што беа присутни во сите претходни Pixel часовници.