Zenith Chronomaster Original Lapis Lazuli е почит кон El Primero од 1969 година, а овој часовник е и залог на „вечноста“ благодарение на материјалот што се користи за бројчаникот.
Овој часовник ги комбинира традицијата и иднината, а lapis lazuli за бројчаникот е избран како скапоцен камен што симболизира елеганција и префинетост од една страна, плус моќ и мудрост од друга страна.
Ова е модел кој припаѓа на серијата Triple Calendar, со куќиште од не’рѓосувачки челик и дијаметар од 38 mm. Дебелината на часовникот е 14 mm, додека растојанието од рачка до рачка е 46 mm.
Користен е сафирен кристал со антирефлективен слој од двете страни, додека отпорноста на вода е декларирана на 5 ATM (длабочина од 50 метри).
Во срцето на новиот Zenith е El Primero 3610, механизам кој работи со фреквенција од 36.000 вибрации на час (5 Hz), со резерва на енергија од 60 часа.
Zenith ги наведува следниве како главни карактеристики на часовникот: прикажување на датумот на позиција 4:30, механизам на штоперица, автоматски хронограф El Primero способен за мерење и прикажување на 1/10 од секунда, комплетен календар (ден, датум, месец), како и прикажување на месечевите фази. Споредните бројчаници се на 3, 6 и 9 часот.
Часовникот доаѓа со темно сино кожно ременче, со цена од 23.700 евра, а еве линк до официјалната веб-страница, доколку сакате да дознаете повеќе за него.