Денот на самците 11.11 (единаесетти ноември) се одбележува од 1990г., како спротивност на Денот на заљубените, со цел луѓето кои не се во врска да купуваат производи за себе. Согласно податоците од ланската вкупната продажба, 11.11 е четири пати поголем од Црн петок и Сајбер понеделник, двата најпопуларни шопинг дена во светот. На овој ден, компаниите нудат огромни попусти на своите производи за период и важност од 24 часа. Во оваа акција земаат учество најголемите светски компании за онлајн продажба, но и компании за малопродажба од целиот свет. Лани на овој ден, за само 24 часа, една од најголемите светски компании за онлајн продажба направила вкупна продажба од над 38 милијарди долари, со што беше поставен нов рекорд на најголемиот малопродажен настан на светот.
И оваа година, оваа среда 11.11, празникот ќе земе замав и кај нас. Најголемиот бренд за малопродажба на апарати за домаќинство „Нептун“ организира голема акција по повод овој светски настан. Акцијата „AЈДЕ, само еден ден 11.11“ ќе нуди огромни попусти и супер понуди од сите продуктни категории. Потрошувачите ќе може да купат производи по најниски цени, со супер услови и можност да плаќаат до 60 рати. Акцијата ќе важи за купување во „Нептун“ продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store. Ајде, Не пропуштајте ја оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, посетете ги “Нептун” продавниците и уживајте во шопингот!
Нептун Македонија периодов претстави нова маркетинг комуникација преку зборот „АЈДЕ“ и новиот слоган „ЖИВЕЈ ПОДОБРО, СЕКОЈ ДЕН“. Зборот „АЈДЕ“ кој е карактеристичен за ова поднебје, е покана, поттик за купувачите да влезат во НЕПТУН светот и преку нивните работни процеси да им овозможи на потрошувачите подобар живот. „АЈДЕ“ значи „АЈДЕ во Нептун“, „АЈДЕ дојди кај нас“, „Ајде истражи“, „АЈДЕ купи на рати без камата“ и многу повеќе. Значи, за подобар квалитет на живот, кој подразбира комфорт, удобност, избор, заштеда на време, пари, АЈДЕ, посети го Нептун! АЈДЕ! – ЖИВЕЈ ПОДОБРО, СЕКОЈ ДЕН.
„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.