Македонската атлетичарка Адријана Поп Арсова освои бронзен медал на првата Балканска атлетска трка на 10 километри во хрватскиот град Карловац.
Поп Арсова, која настапува за Атлетскиот клуб Делта од Скопје мина трето пласирана низ целта, истрчувајќи ја уличната трка во Карловац во време од 35:08.
Настап на меѓународната сцена денеска ги очекува и македонските атлетичари Дарио Ивановски и Јован Стојоски на Европското првенство за мали земји, чиј домаќин е Малта.
На Европското првенство во градот Марса, Ивановски ќе настапи во трката на 5.000 метри, додека Стојоски ќе се натпреварува во трките на 100 и 400 метри.