Ѕвездите на филмот „Хари Потер“, Ема Вотсон, Даниел Редклиф и Руперт Грин, ќе се обединат за 20 години од излегувањето на првиот филм „Каменот на мудроста“. Веста ја објави „Ворнер брос“, Авторката на книгите Џоан Роулинг нема да се појави во специјалното шоу кое ќе се прикажува на стриминг платформата „Ејч-Би-О макс“ на 1 јануари.
Серијалот заснован на приказните на Роулинг заработи вкупно 7,8 милијарди долари на светско ниво. Засега не се знае зошто Ема нема да им се придружи на актерите, но ќе биде биде застапена преку архивски снимки. Роулинг лани предизвика контроверзи со своите коментари за трансродови лица па нкекој ја обвинија за хомофобија.
Покрај ударната тројка од осумте филма Редклиф, Вотсон и Грин, во шоуто „20 години Хари Потер: Враќање во Хогвартс“ ќе гостуваат и Роби Колтрејн, Том Фелтон, Хелена Бонам Картер, Гери Олдмен како и режисерот Крис Колумбус.