Ал Пачино почна да се дружи со бившата додека чека бебе со 54 години помладата девојка

Ал Пачино почна да се дружи со бившата додека чека бебе со 54 години помладата девојка

пред 1 година





Актерот Ал Пачино се дружеше со бившата девојка Беверли Д’Анџело и нејзиниот сопруг. Тројцата биле видени на семеен излет во Лос Анџелес, во исто време додека актерот чека бебе со 54 години помладата Нур Алфалах.

Пачино и Беверли останаа блиски откако се разделија во 2004 година. Со неа ги доби близнаците Антон Џејмс и Оливија, а покрај нив ја има и ќерката Џули со Јан Тарнат. За потсетување, ѕвездата од филмот „Кум“ рече дека му е особено мило што на 83 години ќе стане татко.

„Имам многу деца и отсекогаш ми беше посебно. Но, сега особено затоа што доаѓа на овие години“, рече Пачино.






Share
Scroll to Top