Амбер Херд го доби Џони Деп на суд

пред 4 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

Глумицата Амбер Херд го доби судскиот спор против нејзиниот партнер и колега Џони Деп. Судијата го прогласи глумецот за злоставувач, пренесуваат светските медиуми.

Судскиот процес траеше со месеци, а по сите изјави и прикажани докази, судот на крајот донесе одлука во корист на Херд. Ваквата одлука стигна како изненадување и шок за голем број на обожаватели на Деп.

Деп подигна тужба против медиумската куќа „Сан“ и поранешната сопруга Амбер, со која беше 15 месеци. Причината беше текстот во кој Амбер тврдела дека тој физички ја злоставувал.

Иако Деп приложил докази дека таа е таа која него физички го повредила, судската одлука на крајот стана поинаква. Од 14 обвинувања кои Амбер ги поднесе против Деп, судот и прифати 12.

Адвокатите на Амбер на самиот крај изјавиле дека не се изненадени од оваа победа. Од друга страна, глумецот и неговиот тим досега се немаат огласено по повод оваа одлука.

За потсетување, холивудската двојка се раздели во мај 2016 година, кога глумицата по 15 месеци брак, побара развод, а барањето го допопни и со обвинувањата дека Деп ја злоставувал. Таа го обвини дека тој ја повредил кога ја удрил со мобилниот во лице.

Во следните месци, двајцата се обвинуваа за меѓусебно злоставуање. Деп ја обвини дека го погодила со стаклено шише и дека му го повредила прстот. Тој јавно ја обвини и дека му изгаснала цигара од неговото лице. Таа го обвини дека ја тепал, кубел за коса, гушел и дека речиси ја удавил.

Share
Scroll to Top