Американскиот пилот кој Србите го соборија во 1995 година, стана заменик шеф во Пентагон

Американскиот пилот кој Србите го соборија во 1995 година, стана заменик шеф во Пентагон

пред 1 година

Поранешниот американски пилот, Скот Огрејди, чиј авион беше соборен над Босна и Херцеговина во 1995 година и кој преживеа шест дена во заробеништво, е поставен на важно место во министерството за Одбрана на САД, соопштија од Пентагон.

Скот е поставен за заменик министер на одбрана и ќе биде задолжен за меѓународната безбедност. Тој во јуни 1995 година имаше чин на капетан, а во САД стана национален херој, затоа што преживеа шест дена во шума во близина на Бихаќ, откако неговиот авион Ф-16, беше погоден со ракета.

Тој се катапултираше од речиси 7000 метри висина и се здоби со благи изгореници на вратот. Скот во тие моменти имал мала резерва на храна со себе, но како пилот бил обучен за такви ситуации. Тој успеал да преживее користејќи ги плодовите од природата.

Командата на маринците ја организираше потрагата и го извлече од околината Бихаќ во ризична операција, затоа што, како што се наведува, босанските Срби спроведоа интезивна потрага по него.

Пилотот во 2002 година, ја издаде книгата Return with honors, во која го објасни своето преживување во природата. Доби неколку воени признанија, а војската ја напушти во 2001 година. Тогаш станал претприемач и консултант, е наведено во биографијата, која ја пренесе Пентагон.

 

 

 

Share

watch anime free. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

Pokémon Journeys: The Series Episode 81

AniWatch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2

Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation

anime to watch That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub)

AniWatch Naruto (Dub)

Scroll to Top