Американската влада сака и бара од Мексико да и го испорача и синот на Ел Чапо, младиот Гузман. Тие бараат Гузман да одговара пред нивниот суд за неговите злосторства. САД испратија и барање до Мексико за испорачување. Овидио Гузман (32) е син на злогласниот нарко шеф, Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо.
Против него се подигнати обвинувања за трговија со кокаин, метамфетамин и марихуана, кои завршуваат во САД. За потсетување, Овидио во јануари е уапсен во Мексико и тоа за време на посетата на американскиот претседател Џо Бајден, во неговиот град Кулиакана.
Апсењето покрена бран насилства во земјата, во која се убиени најмалку 19 криминалци и 10 мексикански војници. Мексиканската војска се обиде да го уапси уште во 2019 година, но властите мораа да се повлечат заради огромниот број припадници на картелот, кој е вооружен до заби и е подготвен да го брани.
Наредниот месец еден од полицајците, кој учествувал во неговото апсење, е застрелан со дури 155 куршуми на паркинг. Ел Чапо 25 години раководеше со картелот Синалоа, а беше познат и по бегствата од затвор. Сепак, на САД и беше испорачан во 2017 година, а две години подоцна е осуден за трговија со дрога и оружје, како и за перење на пари. Во моментов се наоѓа во затвор со максимално обезбедување.