Ана Брнабиќ: Дискриминирана сум, не можам да бидам во брак и да посвојам дете

Ана Брнабиќ: Дискриминирана сум, не можам да бидам во брак и да посвојам дете

пред 2 години

Српската премиерка Ана Брнабиќ рече дека се чувствува дискриминирана од двете заедници, откако ЛГБТ активистите ја дочекаа со свирежи на конференција во белградскиот Дом на млади по повод „Европрајд 2022“. Таа рече дека ги нема сите права, дека не е во брак и не може да посвои дете.

dobivaj vesti na viber

„Веројатно сум единствената личност која е дискриминирана од двете заедници и првиот политичар во оваа земја и регионот кој не се исплаши и не се срамев што сум ЛГБТ. Ова е мојата борба“, рече таа.

Одржувањето на манифестацијата „Европрајд 2022“ беше отворена во Белград, но неизвесно е дали в сабота ќе се одржи парадата на гордоста.

Токму поради ова присутните активисти на прес конференцијата ја поканија премиерака во сабота на 17 септември да излезе со нив на прошетка, на што премиеракта на англиски одоворила „Никој не може да ве спречи“.

Брнабиќ додаде дека без нејзината поддршка и потпишување на писмото со препорака, Европрајд оваа година немаше да се одржува во Белград и да биде прва ваква манифестација во Југоисточна Европа. Организаторите на Европрајд соопштија дека со одлуката на МВР што ја добиле забранета е трасата на прошетката планирана за сабота на 17 септември, но не и самата прошетка и дека ќе предложат нова рута.

Share
Scroll to Top