Нови информации за исчезнувањето на Србинката Ана Волш, почнаа да се појавуваат во јавноста откако во четвртокот во судот во Норфлок, во Америка, беше одржано рочиштето за нејзиниот сопруг Брајан, кој се сомничи дека ја претепал до смрт, а телото ѝ го распарчил и го фрлил во ѓубре.
Иако Брајан е главниот осомничен за злосторот и понатаму се трага по нејзиното тело, што остава простор за поедини теории на заговор, но и за одбраната на Брајан и за шпекулациите за тоа каде таа навистина се наоѓа.
Засега сите докази укажуваат на тоа дека Брајан е сторител на громорозното убиство на жена му. Според најновите информации, кои ги пренесоа американските медиуми, WCVB и Daily Beast, ден пред Брајан да биде уапсен под сомнение дека ја убил сопругата, полицијата во Кохасет, град во Масачусетс, каде живееле заедно, добила необичен мејл.
Како што пренесоа медиумите, во мејлот се споменува дека Ана е киднапирана и тоа заради некој бизнис вреден 127.000 долари.
„Овде со нас е некоја Ана Волш. Таа е кај нас и ако не ги врати парите, никогаш нема да ја видите“, наводно стоело во мејлот кој полицијата го примила на 7 јануари.
Во мејлот се алудира и на тоа дека Ана направила некаква грешка и дека таа сега мора да ја исправи и да ги врати парите. Но, полицијата не открива повеќе детали во врска со пораката, а се претпоставува дека мејлот бил само обид за да истрагата тргне по спротивен правец и да се купи време за да може доказите за нејзиното убиство се прикријат.
„Веројатно мејлот ќе биде испратен од страна на некој лудак или кој кој просто учествувал во убиството на Волш, па можеби дури и самиот Брајан го испратил од страв затоа што знаел дека ќе биде уапсен, нешто што и навистина се случило веќе следниот ден“, објаснуваат изворите.
За потсетување, Ана Волш исчезна на 1 јануари, а дека нешто ѝ се случило е откриено четири дена подоцна кога нејзиниот работодавец од Вашингтон ја пријавил во полиција затоа што не дошла на работа.
„Нејзиниот сопруг Брајан, ја лажел полицијата дека Ана, на 1 јануари, по дочекот за Нова година, отишла од нејзиниот дом на аеродром каде имала лет за Вашингтон, велејќи дека мора под итно да се јави на работа, затоа што нешто ѝ искрснало. Истрагата покажала дека Волш на овој начин собирал време за прикривање на трагите на злосторот“, вели изворот.