Медиумите пренесоа дека нивни соседи ќе им бидат пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ, кои исто така неодамна купија стан во тој дел од градот за 408.000 евра.
„Во близнина се наоа и станот на Новак Ѓоковиќ. Ана редовно се слуша со него Јелена и е среќна што може сега и да се гледаат“, рече изворот и дополни дека во тој дел од градот во близина живеат и Лепа Брена, Милица Павловиќ, Марија Шерофивиќ, Саша Ковачевиќ, Сандра Африка, Милица Тодоровиќ и уште неколку естрадни ѕвезди.
Ана често зборува дека е врзана за Србија. Таа вели дека ја обожава земјата и дека тука има многу роднини.
„Многу ми недостигаа и еден ден сигурно ќе се вратам да живеам за стално тука“, рече таа во едно нејзино скорешно интервју. За потсетување, со Швајни, покрај станот во Белград, имаат и вила во Мајорка, на Алпите и стан во Минхен.
Пред да се венчаат Швајнштајгер купи стан во Минхен од 150 квадарти за 500.000 евра, а Ана купи куќа во Мајорка за 1.200.000 евра. Имаат и луксузна вила на Алпите во близина на Кицбила. Вредноста не е позната, а медиумите пишуваат дека во таа вила го поминуваат најголемиот дел од времето.






