Ана Михајловски повторно заљубена во поранешниот маж

Ана Михајловски повторно заљубена во поранешниот маж

пред 5 месеци

Познатата српска водителка Ана Михајловски повторно е во врска со својот поранешен маж, бизнисменот Мирко Грубин, пишува „Ало“. Двојката се разведе пред четири години, а Ана лани се гледаше со глумецот Вук Костиќ. Но, откако раскина со Вук, таа реши уште еднаш да му даде шанса на својот поранешен сопруг.

Според „Ало“, Ана и Мирко се веќе пет месеци заедно. По разводот, тие останале во секојдневен контакт поради децата, а со текот на времето љубовта повторно се појавила.

„Мирко и Ана, по разводот, останаа вистински пријатели. Тие не се гледаа секој ден, но беа во контакт. Искрите меѓу нив по разводот ги забележаа и нивните најблиски, но тие не сакаа да го прифатат тоа. Се помирија со фактот дека помина времето на нивната љубов и дека по седум години брак, веќе не се еден за друг како партнери“, рекол за „Ало“ неименуван извор близок до водителката.

Ана и Мирко пред разводот

„Тие беа во контакт секој ден, најмногу поради децата, и си беа голема поддршка еден на друг во секоја смисла. Мирко не сакаше неговите деца да пропуштаат ништо, а Ана секогаш беше тука за него и му беше поддршка. Пред речиси пет месеци решија да се смират и сфатија дека навистина се сакаат. Времето што помина од разводот беше вистински показател дека се одлични заедно и дека можеби не требаше да се разведат. Од друга страна, сè што им се случи во меѓувреме ги зближи и сега тие функционираат подобро од кога било“, додал истиот пријател.

Ни Ана ни Мирко не потврдил дека се пак заедно. Тие се разведоа во 2016 година, а имаат две деца, ќерката Зоја (10) и синот Петар (5).

Share

My Hero Academia 2 (Dub) (https://crunchyrollfree.com/m/0g5R) Episode 25 at Crunchyroll crunchyroll account list

Black Clover Episode 159 at AnimeFreak sites like animefreak

Scroll to Top