Ангела Меркел ограбена во супермаркет во Берлин

Ангела Меркел ограбена во супермаркет во Берлин

пред 3 години

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, била ограбена во супермаркет во Берлин, објави агенцијата ДПА. Неа ѝ ја украле чантата додека пазарела во деликатес на Морсештрасе во Шарлотенбург околу 11:40 часот во четвртокот.

Полицијата потврди дека Меркел (67) ја пријавила кражбата во центарот на Берлин. Во украдениот паричник имало лична карта, кредитна картичка, возачка дозвола и готовина.

Кабинетот на Меркел одби да даде коментар, а полицијата уште ја истражува кражбата. За сега само се знае дека најмалку еден телохранител од Федералниот оддел за криминалистичка полиција ја следел Меркел до продавницата.

Дури и кога беше канцеларка на Германија, Меркел сама одеше по продавници и често беше сликана како купува во продавници во близина на владиниот кварт или во одделот за намирници на француските стоковни куќи на Фридрихштрасе во центарот на Берлин.

Меркел ја напушти функцијата канцелар на Германија лани, по цели 16 години.

Share
Scroll to Top