Англиски навивач осуден на затворска казна поради расизам

Англиски навивач осуден на затворска казна поради расизам

пред 3 години

Навивач на англиската фудбалска репрезентација, кој емитуваше видеострим на својот фејсбук-профил додека во живо испраќаше расистички навреди кон репрезентативците Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сако, по финалето на Евро 2020, е осуден на казна затвор од десет недели.

52-годишниот Џонатон Бест тогаш ги навреди тројцата англиски фудбалери, кои ги промашија пеналите против Италија на лондонски „Вембли“.

Бест го осуди лондонскиот Суд за прекршоци откога тој призна дека е виновен за испраќање навредливи или непристојно пораки преку социјалните мрежи, соопшти Британското државно обвинителство.

„Додека мнозинството од нацијата беше горда бидејќи трите лава стигнаа до своето прво финале по повеќе од 50 години, Џонатон Бест ги користеше социјалните мрежи за јавно да ги оцрни овие три момчиња“, посочи во соопштението ЦПС.

Бест беше пријавен во полиција од страна на еден од неговите фејсбук-пријатели кога одбил од својот профил да го отстрани видеото во траење од 18 секунди.

Share
Scroll to Top