Англичаните бараат да се преигра финалето на ЕУРО2020

Англичаните бараат да се преигра финалето на ЕУРО2020

пред 3 години

Фудбалските навивачи во Англија започнаа петиција со која бараат да се преигра финалето на ЕУРО2020, а причина за ова е судењето пред крајот на регуларниот дел од натпреварот, кога капитенот на Италија, Џорџо Кјелини, го влечеше за дрес играчот на Англија, Букајо Сака.

Во 96. минута Сака тргна во контранапад, а Кјелини загуби рамнотежа, па со двете раце го фати Сака за горниот дел од дресот, кај вратот и силно го повлече за да спречи негов продор покрај десната аут линија. Англискиот фудбалер падна а требата, а италијанскиот стопер за овој старт доби жолт картон. Многумина сметаат дека неговата казна е премала, а фановите веднаш бараа исклучување.

Со петицијата се бара да се повтори финалето, а да судење арбитар кој нема да е пристрасен. Покренати се повеќе петиции и според информациите на англиските медиуми, одзивот на нив е голем.

За потсетување, Англија загуби на пенали од Италија, 3:2, а по продолженијата резултатот беше 1:1.

Share
Scroll to Top