Англичаните им забранија на данските навивачи да дојдат на Вембли

Англичаните им забранија на данските навивачи да дојдат на Вембли

пред 3 години

Англичаните им забранија на данските навивачи да дојдат на Вембли, пишуваат светските медиуми. Англија ќе се соочи со Данска во полуфиналето на Европското првенство, а организтаорите пуштија во продажба 60.000 влезници.

Данците нема да добијат ниту еден билет, без претходно да минат десет дена во карантин, без разлика на тоа дали ќе примиле вакцина. Мечот ќе се игра на 7 јули, па затоа Данците нема да ја имаат поддршката од трибините.

Данските власти преговараа со организаторот за нивните навивачи да можат да влезат во Велика Британија и да ја напуштат без обврска за самоизолација, но обидите пропаднаа.

Интересно е тоа што Данска слично ја реши ситуацијата со руските навивачи за мечот од групната фаза во Копенхаген, а тогаш на Русите им беше забранет влез бидејќи не се дел од Европската унија.

Данските навивачи се надеваат дека ќе го повторат успехот на генерацијата од 1992 година, која во Шведска стана европски првак, а големи очекувања имаат и Англичаните, кои се надеваат дека нивната репрезентација ќе се пласира во финалето на Еуро 2020.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top