Англија првпат ќе игра во финалето на Европско првенство

Англија првпат ќе игра во финалето на Европско првенство

пред 5 години

Репезентацијата на Англија првпат ќе игра во финалето на едно Европско првенство, откако ја победи репрезентацијата на Данска во второто полуфинале. Англиските фудбалери понедија со резултат 2:1 по продолженијата.

Данците поведоа со голот од слободен удар на Микел Дамсгард во 30. минута, а англиските фудбалери израмнија во 39. минута со автоголот на Кјаер.

Во второто полувреме немаше голови, па се играа продолженија. Крајниот резултат англиските фудбалери го постигнаа во 104. минута од пенал. Голамнот Шмајхел го одбрани ударот на Хари Кејн, но топката се одби од него, па Кејн постигна гол.

Во финалето, штто ќе се одржи на 11 јули, Англија ќе игра против Италија.

Share
Scroll to Top