Анџелина Џоли снима филм за оперската дива Марија Калас

Анџелина Џоли снима филм за оперската дива Марија Калас

пред 1 година

Во Бугарија започна снимањето на биографскиот филм „Марија“ за најголемата оперска дива на сите времиња, Марија Калас. Магазинот Variety ги објави првите фотографии од сетот на кој можеме да ја видиме Анџелина Џоли во насловната улога.

Филмот доаѓа од режисерот Пабло Ларин, а „Марија“ ќе биде последниот филм од режисерската трилогија биографски филмови за влијателни жени од минатото. Во продолжение погледнете ги првите фотографии од сетот.

Според официјалниот опис на претстојниот биографски филм, „Марија“ ќе го следи животот на легендарната и контроверзна пејачка, а во фокусот на филмот ќе бидат нејзините последни денови поминати во Париз во 1970-тите.

Сценариото за филмот го напишал Стивен Најт, креаторот на хит серијата „Peaky Blinders“, а покрај Анџелина Џоли, во филмот играат и Пјерфранческо Фавино, Алба Рорвачер, Халук Билгинер, Коди Смит-Мекфи и Валерија Голино.

 „Многу сум возбуден поради почетокот на снимањето на филмот „Марија“, кој се надевам дека ќе ги доближи извонредниот живот и дело на Марија Калас до публиката ширум светот, благодарение на прекрасното сценарио на Стивен Најт и работата на актерите и целата филмска екипа – особено Анџелина Џоли, која извонредно се подготви за улогата“, изјавил Ларин.

 

 

 

 

Share
Scroll to Top