Анџелина Џоли ќе ја глуми Марија Калас

Анџелина Џоли ќе ја глуми Марија Калас

пред 3 години

Анџелина Џоли ќе ја глуми култната оперска дива Марија Калас. Џоли вели дека улогата ја сфаќа многу сериозно.
„Ќе дадам сѐ од себе за да одговорам на предизвикот“, рече актерката откако беше објавено дека ја добила улогата.

dobivaj vesti na viber

Уметницата која ќе ја глуми Џоли беше позната по неверојатниот распон на гласот на сцена, како и по турбулентниот љубовен живот кој вклучува и романса со грчкиот поморски магнат Аристотел Оназис, кој потоа се ожени со Џеки Кенеди.

„Многу сериозно ја сфаќам одговорноста за животот на Марија и наследството. Ќе дадам сѐ од себе за да одговорам на предизвикот“, рече Џоли и вели дека режисерот на филмот, Пабло Ларин, одамна му се восхитува.

Share
Scroll to Top