Аријана Гранде носи џемпер на „Loewe“, од мекдонскиот дизајнер Алек Бимбилоски. Таа во објава на стори на нејзиниот инстаграм-профил и се пофали со џемепрот изработен во Македонија.
Се работи за еднобоен бел волнен џемпер од светски познатата модна марка „Loewe“ во едноставен крој, на кој со црн вез од плетенина е рачно извезен ликот на Чихиро, девојчето од „Spirited Away“, јапонскиот анимиран филм.
Џемперот е дел од колекција „Loewe X Spirited Away“, и на сајтот на светскиот бренд е достапен по цена од 1700 долари.
Пејачката го прикажа ова на нејзиниот личен инстаграм-профил. Зад соработката со марката стои македонскиот дизајнер Алек Бимбилоски, косопственик на македонскиот бренд „Румор“, а соработката е поврзана со јапонското студио за анимација „Ghibli“.
Колекцијата која ја изработиле за „Loewe“ е веќе распродадена, и тоа во рекордно време. Колекцијата има многу парчиња изработени под етикетата „Made in Macedonia“, меѓу кои и најскапото плетено парче, кое чини 6400 долари.