Предновогодишна журка и приреди српскиот пејач Ацо Пејовиќ вчеравечер на македонската публика. Салата „Борис Трајковски“ претесна за публиката која дојде да ужива во големите хитови на Пејовиќ. Преполни трибни и просторот пред бината.
Македонската пејачка Ивона Јо и нејзиниот бенд ја загреаа скопската публика со популарни македонски и балкански хитови, а на сцената во салата нешто по 22 часот се појави Пејовиќ.
Публиката уште на самиот почеток во еден глас ги пееше постарите хитови на Ацо. Песните – преработки од Тома Здравковиќ, скопската публика ги пееше погласно и од него.
Најемотивен момент на концертот беше на песната „Лилјана“ кога публиката пееше акапела, а Пејовиќ го држеше микрофонот. Присутните на трибините и пред сцената со мобилни телефони светеа и го снимаа овој момент за спомен.
Кулминација на концертот беше кога пејачот ја отпеа „Македонско девојче“, со која и се заблагодари на македонската публика за одличниот концерт во Скопје, по концертот за кој долго се раскажуваше одржан во април оваа година.
Концертот го организираше „Балкан медија“.