Бабите и дедовците во Лондон беа воодушевени кога видоа кој им послужува божиќен ручек

Бабите и дедовците во Лондон беа воодушевени кога видоа кој им послужува божиќен ручек

пред 9 месеци

Бritanskiot актер Хју Грант (63) ненадејно се појавил на божиќен ручек во Лондон, каде им послужил храна на постари жители на Хамерсмит и Фулам, пишува „Дејли Мејл“.

Тој се дружеше со учесниците на настанот и волонтерите и се фотографираше со нив за време на неговата посета.

„Благодарам на сите што ни се придружија на годишниот голем божиќен ручек на H&F, вклучувајќи го и многу специјалниот гостин, Хју Грант. Актерот ни помогна да им служиме ручек на 500 локални постари луѓе кои инаку би го славеле Божиќ сами. Ова беше вистинска љубов“, изјави портпаролот на Советот на Хамерсмит и Фулам.

„Сите бевме воодушевени што го видовме“, додава тој.

Ова не е првпат актерот да го покаже своето добро срце. На почетокот на декември, Грант донираше 20.000 фунти на „најљубезниот британски водоводџија“ Џејмс Андерсон, кој е познат по тоа што им помага на илјадници инвалиди и стари лица преку неговата добротворна организација „Дефер“.

Share
Scroll to Top