Модната куќа „Баленсиага“ лансираше балетанки за мажи под називот „Леополд“ по цена од 750 евра.
На интернет страницата на компанијата, новиот производ може да се најде во сина, црна и беж боја.
Интернетот е преплавен со коментари бидејќи факт е дека балетанките се производ што е претежно наменет за жени, а студиите покажаа дека спаѓаат во најомразените обувки меѓу мажите. Она што е шокантно за дел од нив е изгледот на балетанките кои се идентични со женските и имаат машничка на врвот.