Бараа секси манекенка, па така ја добив улогата во „Маска“: Камерон Дијаз за почетоците во Холивуд

Бараа секси манекенка, па така ја добив улогата во „Маска“: Камерон Дијаз за почетоците во Холивуд

пред 4 месеци

Ѕвездата на филмовите „Маска“ и „Ангелите на Чарли“ зборуваше за деновите кога и самата била модел, а зборуваше и за мајчинството.

„Имав 16 години кога влегов во светот на модата. Искрено, само сакав да побегнам од Лонг Бич, Калифорнија, да се оддалечам што е можно подалеку. Мислам дека многу девојки фантазираат за манекенство, бидејќи тоа навистина нуди многу добри можности – може да патувате, да заработувате пари, да правите работи за кои мислевте дека никогаш нема да ги направите – рече  Камерон, додавајќи дека завршила во Холивуд сосема случајно.

– Менаџерот ме испрати на аудиција каде бараа некого за улогата на секси манекенка. Облеков фармерки и му реков на агентот дека ќе се пријавам за улогата на новинарка. Но, исклучително љубезниот режисер сакаше да се вратам на аудицијата, како и да е – отидов дома, се облеков и добив улога во „Маска“ – се присетува Дијаз.

Кога Наоми ја прашала дали размислува да се врати во Холивуд, таа одговори: „Ако се вратам, луѓето ќе речат„ еве нова постара актерка на сцената.  Но никогаш не кажувај никогаш“.

Камерон, која во декември 2019 година ја доби својата прва ќерка Радикс, со нејзиниот сопруг, музичарот Бенџи Меден (41), се пошегува во емисијата и за сопственото мајчинство во нејзините доцни 40-ти.

– Повеќето луѓе го прават тоа сосема поинаку – тие се мажат и создаваат семејство додека се млади, а јас – ја чекав втората половина од мојот живот. Сега сум под притисок да морам да го доживеам барем мојот 107 роденден. – рече Дијаз.

Share

Watch King's Raid: Ishi wo Tsugumono-tachi Episode 3 (https://gogoanime.be/m/mzwN/ep-3) at website https://gogoanime.be. See more gogoanime haikyuu to the top

Tsukimichi -Moonlit Fantasy- (https://animeflix.nl/m/wOJj) Episode Preview at website https://animeflix.nl animeflix sailor moon

Scroll to Top