Барак Обама е добитник на ЕМИ награда за улога на наратор во документарна серија

Барак Обама е добитник на ЕМИ награда за улога на наратор во документарна серија

пред 1 година

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама освои „Еми“ за улогата на наратор во неговата документарна серија „Our Great National Parks“.

dobivaj vesti na viber

Серијата е составена  од пет дела и се емитува на платформата Нетфликс. Првата епизода беше прикажана во април оваа година.

Обама веќе има освоено две Греми награди, за аудио верзиите на неговите мемоари „The Audacity of Hope“ и „Dreams from My Father“.

Обама не е единствениот американски претседател кој освоил Еми. Двајт Ајзенхауер ја доби оваа награда во 1956 година, но во неговиот случај тоа беше почесна награда.

Откако ја напушти функцијата во 2017 година, откако отслужи два претседателски мандати, Обама ги објави своите мемоари, а исто така и неговата сопруга Мишел. Нивните мемоари станаа бестселери.

Покрај непрофитната фондација, парот основал и продукциска куќа која потпишала голем договор со Нетфликс, наводно вреден десетици милиони долари.

Share
Scroll to Top