Барем се премногу удобни: Овие панталони се главна ѕвезда на сите комбинации

Барем се премногу удобни: Овие панталони се главна ѕвезда на сите комбинации

пред 14 часа

Уште едно парче облека се враќа на големото модно поле, а прашањето е, дали сè уште ќе ги носите овие панталони?

Дури и ако не ви се допаѓаат, имајте на ум дека се совршено удобни. Модните трендови доаѓаат и си одат, а модните експерти велат дека овие панталони моментално се најголем хит, и тие се главна ѕвезда во комбинациите на љубителите на модата.

Ако им се верува на модните експерти од страницата WhoWhatWear, денес тоа се таканаречените харем панталони. Постојат многу други имиња за овој стилски феномен, а сите тие имаат заедничко – панталони кои се карактеризираат со многу широки, лелеави ногавици, стегнати на рабовите.

Ова се супер удобни панталони кои можат да изгледаат многу шик, а деновиве ги преплавија социјалните мрежи.

Сепак, нивното враќање прво се случи на модните писти кога беа претставени во колекцијата пролет/лето 2025 на модната куќа Alaïa. Подоцна, други модни куќи, вклучувајќи ги Клое и Лоу, ја претставија својата верзија на харем панталони.

На модните писти имаше модели изработени од свила, чипка, па дури и кожа.

Share
Scroll to Top