Баскет и дрес од Перо Антиќ и Војдан Стојановски за болните деца

Баскет и дрес од Перо Антиќ и Војдан Стојановски за болните деца

пред 2 години





Кошаркарите Перо Антиќ и Војдан Стојановски денес ги израдуваа болните децата. Тие беа во посета на  детскиот оддел во клиничката болница Аџибадем Систина каде на децата им подарија дресови, баскет и измамија насмевки.

„Чест и задоволство ми е што денес успеавме на кратко барем да израдуваме неколку дечиња. Заедно со Војдан, имавме прилика да запознаеме три храбри момци кои од официјалниот медицински партнер на кошаркарската федерација ќе излезат посилни и поздрави од кога било. Им посакуваме брзо и лесно заздравување“, вели Перо Антиќ.






Share
Scroll to Top