Бебето од Русија по три дена потрага го најдоа само во шума

Бебето од Русија по три дена потрага го најдоа само во шума

пред 3 години

22-месечното девојче од Русија, Људмила Кузина, се изгуби минатиот вторник во регионот Смоленск, кој се наоѓа 400 километри западно од Москва, додека беше на гости кај соседот со својата мајка и постарата сестра, пренесуваат руските медиуми.

Повеќе од илјада луѓе, полицајци, војници, нуркачи, волонтери, па дури и членови на Министерството за вонредни состојби, се приклучија во тридневната потрага по бебето, објави смоленската спасувачката група Салвар.

Људмила беше пронајдена во петокот на четири километри од седиштето на Штабот за потрага, исцрпена и искасана од комарци.

„Една група застана да се одмори кога слушна некакви звуци. Људмила беше пронајдена во шофершајбната, каде се сокрила по неколкудневното скитање во шумата. По некое чудо, таа преживеа три ноќи изгубена во шумата, откако се оддалечи од своето семејство “, стои во објавата на социјалните мрежи.

„Најважно е дека е жива. Таа веднаш ги подаде рацете до спасувачите. Целиот персонал плачеше“,  изјави портпаролот на групата.

Салвар објави видео на кое се гледа како една жена, најверојатно мајката на Људмила, носи дете завиткано во ќебе од спасувачко возило.

Детето беше хоспитализирано на интензивна нега до саботата, пренесуваат државните медиуми. Во понеделникот таа се врати дома со своето семејство.

 

Share
Scroll to Top