„Бев со мажи кои не знаеја дека го сменив полот. Зошто да им кажам, тоа е дел од мене!“ - шокантната исповед на српската инфлуенсерка

„Бев со мажи кои не знаеја дека го сменив полот. Зошто да им кажам, тоа е дел од мене!“ – шокантната исповед на српската инфлуенсерка

пред 6 часа

Николина Ковачевиќ, инфлуенсерката која го смени полот, откри дека била во врски без мажите да знаат дека таа била маж пред да стане жена.

„Имаше мажи кои не знаеја дека сум го сменила полот, тогаш живеев во странство. Генерално, да трае врската, би им кажала, тоа го кажувам кога е сериозна врска. Зошто на сите би им зборувала за тоа, тоа е само еден дел од мене“, изјави Николина Ковачевиќ, пренесе српски „Блиц“.

Инаку, Николина призна дека е во врска со фудбалер.

„Во врска сум со фудбалер… Во моментов преговараме. Јас сакам нешто, тој сака друго. Сакам се од него. Претпоставувам дека заслужив се, но тој не сака да даде се“, рече таа со насмевка.

Откри дека тој не е оженет, дека е српски фудбалер кој игра далеку, и дека до сега не ги гледала неговите натпревари.

Николина е родена во машко тело, а нејзините родители ја нарекле Његош. Како што кажа и самата, уште од мали нозе знаела дека е жена, поради што собрала храброст и направила медицински третмани, прво хормони, а потоа и естетски корекции за да стане жена. На крајот, Николина ја завршила својата транзиција со операција за промена на полот.

Нејзината мајка ја поддржала во нејзината мисија, а за тамошните медиуми проговорила за односот со нејзиниот татко, кој според нејзиното признание сакал да направи маж од Његош.

„Жељко сакаше да го направи Његош тоа што сака, да биде маж. А Николина беше секогаш тука и знаеше дека Његош никогаш не може да биде маж, дека ќе биде она што сега сите го гледаат. Тоа го знаев уште од мала. Не можам да кажам дека Његош му се спротивстави на Жељко, бидејќи немаше простор за такво нешто, не беше можно“, истакна таа.

Share
Scroll to Top