Бекамови ја одложија венчавката на синот, таткото на невестата бара предбрачен договор

Бекамови ја одложија венчавката на синот, таткото на невестата бара предбрачен договор

пред 8 месеци

Дејвид Бекам и Викторија ја одложија венчавката на нивниот најстар син Бруклин поради пандемијата. За да не се крати списокот на гости, свадбата, која беше планирана за 2021 година, е преместена во 2022 година.

Наводно биле планирани две свадби за септември 2021 година, едната на Флорида, а другата на имотот на Бекамови во Англија, а бидејќи сè уште не се сигурни дали ќе мора да го намалат бројот на гости поради пандемијата, тие одлучија да го преместат во 2022 година.

Идните младенци се многу нетрпеливи, па можеби, според изворот, тие официјално ќе се венчаат без многу помпа, а прославата ќе ја организираат подоцна. Се проценува дека нивната венчавка ќе чини околу 5 милиони долари.

Сепак, таткото на актерката, Нелсон Пелц, наводно бара од идните младенци да потпишат предбрачен договор бидејќи не сака неговото богатство, односно наследството на неговата ќерка, кое се проценува на 1,6 милијарди долари, да заврши во рацете на Бекамови, доколку дојде до развод. Bогатството на Бекамови се проценува на околу 45 милиони долари.

Николас и Бруклин се свршија по седуммесечна врска, а вереничкиот дијамантски прстен чини неверојатни 200.000 долари.

 

Share

GoGoAnime gogoanime haikyuu to the top: That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) (https://gogoanime.be/m/aYXW) Episode 24

4Anime 4anime kakegurui: Watch Bleach Episode 168 (https://4anime.biz/m/27m/ep-168)

Scroll to Top