Бен Афлек ја разреши дилемата за голата сцена во „Gone Girl“: „Не носев протеза“

Бен Афлек ја разреши дилемата за голата сцена во „Gone Girl“: „Не носев протеза“

пред 2 часа

Дванаесет години по премиерата на „Gone Girl“, Бен Афлек одговори на прашањето што долго ги интересираше гледачите: дали користел протеза во сцената под туш во која се појавува целосно гол.

Во интервју за „Варајети“, оскаровецот даде краток одговор, проследен со шега.

„Не носев протеза. Сум носел само една, во еден филм — ‘Hollywoodland’. Тоа беше нос“, изјави Афлек.

Психолошкиот трилер „Gone Girl“ од 2014 година го режираше Дејвид Финчер, по сценарио на Џилијан Флин, засновано на нејзиниот истоимен роман од 2012 година.

Афлек го игра Ник Дан, кој станува главен осомничен по исчезнувањето на неговата сопруга Ејми, во толкување на Розамунд Пајк. Покрај заплетот, големо внимание привлече и кратката сцена под туш, за која актерот и претходно зборуваше со хумор.

На доделувањето на „Hollywood Film Awards“ во 2014 година, Афлек се пошегува дека Финчер првично го уверувал оти камерата нема да открие премногу.

„Дејвид ме уверуваше — затоа што довербата меѓу режисерите и актерите е неопходна — ‘Слушај, ако ја спуштиме камерата, никогаш нема да одиме доволно ниско за да се види нешто’“, раскажа тогаш актерот.

Во истото обраќање се пошегува и со ниската температура на сетот, иронично заблагодарувајќи му се на режисерот што просторот за снимање бил студен.

На сцената со шега реагираше и Џенифер Гарнер, со која Афлек тогаш беше во брак. Во гостување кај Елен Деџенерис во 2014 година, актерката ѝ порача на публиката: „Нема на што“.

„Се сметам за великодушна личност и сакав да возвратам. Вие ми давате толку многу, па сакав и јас нешто да ви дадам“, се пошегува Гарнер.

Афлек неодамна повторно се осврна на соработката со Финчер, овојпат во разговор за „Letterboxd“, нагласувајќи колкава доверба имал во режисерот.

„Бев подготвен да направам сè за него — вклучително и да бидам гол“, рече актерот.

Тој ја опиша работата со Финчер како „голема привилегија“ во својот живот и го вброи меѓу најголемите филмски режисери на сите времиња.

Share
Scroll to Top