Бившите министерки Радмила Шекеринска, Јагода Шахпаска, Мила Царовска беа на премиера на театарската претстава „Жени во Собрание“ во Театар „Комедија“. Друштво им правеше и поранешниот министер финансии Драган Тевдовски. На премиерата присуствуваа и познати личности од светот на театарот Благоја Чоревски, Тино Костадиновски, Зоран Љутков, Роберт Ристов, театарскиот режисер и професор Слободан Унковски. Меѓу публиката беше и јавната обвинителка Фатиме Фетаи.
Претставата „Жени во Собрание“ е во режија на Ќендрим Ријани, а во актерката екипа се Зорица Нушева, Ева Скендеровска, Наталија Теодосиева, Кристина Христова Николова, Благица Трпковска, Ангела Стојановска.
Комедијата ја претставува самоиницијативата на жените да ја преземат политичката и државната власт, поткрепена со теоријата на Праксагора дека владејачкиот сталеж не треба да има приватен имот. Така, жените преправени во мажи влегуваат во атинското собрание, придобиваат неколку мажи на своја страна и воведуваат своевидна „социјалистичка влада“ која се грижи за рамноправноста на атинските граѓани – до таа мера што одлучуваат „кој маж со која и каква жена треба да спие“.
Претставата е поставена на репертоарот на Театар „Комедија“, следната изведба ќе биде вечерва и утре.
Фото: Фејсбук Театар Комедија