Билетот за посета на „Титаник“ ќе чини 250.000 долари

Билетот за посета на „Титаник“ ќе чини 250.000 долари

пред 3 години

Во 1985 година „Титаник“ беше откриен на морското дно на Северен Атлантик и оттогаш го посетија околу 200 луѓе. Но, сега истражувачките турсти ќе имаат повторно можност да го посетат најпознатиот брод во светот откако „Оушнгејт експедишнс“ неодамна го најави своето второ патување на речиси 4.000 метри под студената површина на океанот, каде што специјалистите на мисијата заедно со истражувачите ќе прегледаат огромен брод од подморница на компанијата.

Бителот за ова невообичаено патување ќе чини 250.000 долари, а експедицијата ќе се спроведе како серија сочинета од осумдневни мисии, кои почнуваат во мај и завршуваат во јуни, кои ќе почнат со пловење на експедицискиот брод од Сент Џонс во Њуфаундленд, Канада, до последното почивалиште на потонатиот брод. Една таква мисија ќе трае од осум до десет часа, а при секое нуркање ќе има и до тројца експерти.

Во текот на оваа авантура експедицијата ќе ја користи својата подморница од титаниум и јаглеродни влакна од класата „Сајклопс“ за пет члена на екипажот.

„Ова е едно од најинтересните и најуникатни искуства што некогаш сум ги доживеал. Помалку од 200 луѓе некогаш успеале да стигнат до ‘Титаник’ и да го видат бродот што е потонат веќе 110 години“, вели Арон Њуман, специјалист за мисијата на „Оушнгејт експедишнс“. Тој го посети потонатиот брод оваа година.

„Самото патување речиси 4.000 метри под водата, во подморница, е неверојатно искуство“, додаде тој.

За потсетување, „Титаник“ потона на 14 април 1912 година, четири дена по неговото прво испловување од Саутемптон, Англија, до Њујорк, кога удри во санта мраз. При несреќата загинаа 1.517 од 2.224 патници и членови на екипажот.

Оттогаш бродот сѐ повеќе пропаѓа. Јарболот падна на палубата, а познатото нуркање на режисерот Џејмс Камерон во 2001 година го ослабело интегритетот на трупот. Најверојатно, трупот и структурата на бродот целосно ќе се урнат во следните 20-40 години, според тврдењата на Националната управа за океани и атмосфера.

Share
Scroll to Top