Холивудскиот актер Бил Мареј ѝ платил 100.000 долари отштета на жена која го обвинила за недолично однесување за време на снимањето на филмот Being Mortal, пренесе „Дејли мејл“.
На средината на годинава Мареј бил обвинет за сексуално вознемирување. Продукцијата веднаш го прекинала снимањето за да го истражи инцидентот. По направените интервјуа на двете страни, на актерот му било наложено да ја плати сумата пари.
Жената, чиј идентитет не е откриен, тврди дека била сексуално вознемирувана и рече дека се згрозила кога Мареј ја допирал и ја бакнал. Актерот во една емисија не негираше, но објасни дека само се шегувал.
„Најмногу би сакал да разберат сите што навистина се случи, но сакам да се истражат сите детали и инциденти и двете страни да продолжиме со работата и да се почитуваме“, рече Мареј.
Објасни дека додека ја носел маската на лице, ѝ се доближил на жената, ја турнал на кревет и седнал на неа. Наводно тогаш ѝ ја бакнал, не симнувајќи ја маската од лицето кое ја носел на сетот. Некои тврдат дека жртвата флертувала со неа, додека тој тврди дека станувало збор за шега.
Наводно целиот инцидент се случил пред сведоци, а некои тврдат дека двајцата имале маски на лицето, а фактот што тоа се случило и пред други му оди во прилог на Мареј. И покрај тврдењата дека станува збор за забава, оштетената рече дека за неа тој чин бил од сексуална природа и е ужасната од тоа што се случило.
Продукцијата Searchlight го суспендираше снимањето на филмот кое е режисерко деби на Азиза Ансарија и не е сигурно дали ќе продолжи со снимањето.