Божиновска: Возачите во Македонија точат најквалитетно и најевтино гориво во регионот

Божиновска: Возачите во Македонија точат најквалитетно и најевтино гориво во регионот

пред 6 часа

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека горивата во Македонија се најевтини во регионот и воедно ги задоволуваат највисоките стандарди за квалитет.

Во своето видео-обраќање на 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Бугарија, кој се одржува во организација на ОКТА, Божиновска истакна дека државата посветено работи на целосно усогласување со европските стандарди во енергетскиот сектор.

Според неа, со новиот Закон за енергетика се воспоставува посилна правна рамка за пазарен надзор, додека паралелно се работи и на модернизација на правилникот за квалитет на горивата.

„На овој начин ќе овозможиме уште поефикасно следење и контрола на квалитетот на горивата, а надлежните институции ќе добијат подобри механизми за мониторинг“, посочи Божиновска.

Таа додаде дека целта останува усогласување со европските стандарди, како и воведување појасни и поефикасни процедури за контрола на квалитетот на горивата.

Share
Scroll to Top