Божиновска: Геолошкиот потенцијал на Македонија е голем, потребни се систематски истражувања

Божиновска: Геолошкиот потенцијал на Македонија е голем, потребни се систематски истражувања

пред 4 часа

Геолошкиот потенцијал на Македонија треба да се истражува систематски, со научен пристап и преку поголема меѓународна соработка, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

На координативен состанок во Министерството, на кој учествувале претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Геолошкиот завод, биле разгледани повеќе иницијативи за истражување и одржливо користење на минералните и геотермалните ресурси на земјата.

Во рамки на „Хоризонт Европа“ се подготвува заеднички проект за истражување на геотермалниот потенцијал на Македонија, со можност за вклучување и на меѓународни партнери.

На состанокот било разговарано и за подготовка на програма за систематско истражување на потенцијалот на критичните минерални суровини, кои имаат значење за енергетиката и развојот на новите технологии.

Една од иницијативите се однесува и на сивецот, односно можностите за заштита и поголема препознатливост на оваа домашна минерална суровина преку воведување географска ознака.

Дополнително, разгледана е иницијативата за изработка на каталог на минералните суровини, со цел систематизирање на геолошките информации и создавање основа за идни истражувања и планирање.

Божиновска посочи дека особено значајно е поврзувањето на домашните научни и стручни капацитети со европските истражувачки програми и институции.

Целта, како што наведува, е подобро истражување и разбирање на природното богатство со кое располага Македонија и создавање научна основа за негово одговорно и одржливо користење.

Share
Scroll to Top