Божиновска: Македонија, Србија, Грција и Бугарија ја забрзуваат изградбата на регионалните енергетски врски

Божиновска: Македонија, Србија, Грција и Бугарија ја забрзуваат изградбата на регионалните енергетски врски

пред 5 часа

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави дека следната недела во Србија ќе се одржи вториот министерски самит со колегите од Грција, Бугарија и Србија, по средбата во Атина во мај.

Божиновска посочува дека на претходниот состанок била поставена основата за посилна регионална енергетска соработка, со оценка дека енергетската сигурност не може да се гради изолирано.

„Потребни ни се поврзани системи, подобра инфраструктура и силна регионална соработка“, истакнува Божиновска.

Според неа, Македонија во меѓувреме направила значајни чекори во насока на зајакнување на енергетската инфраструктура. Напредуваат интерконекторите со Грција и Србија, а земјата се приклучи и кон Вертикалниот гасен коридор, со што, како што наведува министерката, се зајакнува позицијата на Македонија на регионалната енергетска мапа.

На претстојниот состанок во Србија ќе се разговара за конкретни чекори во повеќе области – развојот на гасната инфраструктура и диверзификацијата на снабдувањето, модернизацијата и поврзувањето на електроенергетските мрежи, како и развојот на обновливите извори и складирањето на енергијата.

Share
Scroll to Top