Божиновска: Паметните технологии се темел на енергетската транзиција

Божиновска: Паметните технологии се темел на енергетската транзиција

пред 5 часа

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска порача дека дигитализацијата и иновациите се клучни за изградба на сигурен, одржлив и конкурентен енергетски систем, на настан организиран во соработка со Машинскиот факултет – Скопје и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Таа истакна дека вештачката интелигенција, паметните мрежи и современите технологии имаат централна улога во модернизацијата на енергетскиот сектор и во справувањето со предизвиците на новото време.

„Иднината на енергетиката е дигитална. Само преку примена на современи технологии можеме да создадеме поефикасен, поодржлив и посигурен енергетски систем“, нагласи Божиновска.

На настанот беа обединети претставници на академската заедница, енергетскиот и ИТ секторот, институциите и младите иноватори, со цел размена на знаења и идеи за забрзување на енергетската транзиција.

Според министерката, знаењето, науката и човечкиот капитал претставуваат најважен ресурс за успешна трансформација на македонскиот енергетски сектор.

Таа посочи дека Министерството продолжува со реализација на конкретни реформи, нови инвестиции и модернизација на енергетската инфраструктура, со цел Македонија да стане енергетски независна и технолошки напредна држава.

„Нашата цел не е само да ги следиме европските трендови, туку да изградиме силна и модерна Македонија која сама ја создава својата енергетска иднина и инвестира во новите технологии“, истакна Божиновска.

Share
Scroll to Top