Божиновска со честитка за 24 Мај: Делото на Светите Кирил и Методиј е темел на нашиот јазик, култура и идентитет

Божиновска со честитка за 24 Мај: Делото на Светите Кирил и Методиј е темел на нашиот јазик, култура и идентитет

пред 2 часа

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, Сања Божиновска упати честитка до граѓаните, нагласувајќи го историското и духовното значење на делото на светите браќа за македонскиот народ и за словенската цивилизација.

Во својата порака Божиновска истакна дека денешниот празник претставува ден на писменоста, знаењето и духовната светлина, потсетувајќи дека Светите Кирил и Методиј оставиле трајно наследство кое и денес претставува основа за културниот и националниот развој.

„Денес го славиме денот на писменоста, знаењето и духовната светлина. Денот кога се поклонуваме пред делото на светите браќа Кирил и Методиј, чии мисла, визија и мисија оставија неизбришлива трага во историјата на словенските народи, во европската цивилизација и во нашата македонска самобитност“, наведува Божиновска.

Таа посочува дека нивното дело не претставува само создавање писмо, туку и отворање на патот кон знаењето, достоинството и културната слобода.

Во честитката се нагласува дека делото на Светите Кирил и Методиј е длабоко вградено во македонската историја, јазик и култура, како и во чувството на припадност и национален идентитет.

Божиновска истакнува дека во време кога македонскиот јазик е дел од европското и светското јазично семејство, постои уште поголема обврска за зачувување и унапредување на културното наследство.

Во пораката таа упати и силна поддршка кон младите генерации, изразувајќи верба во нивната енергија, знаење и одговорност.

„Верувам дека токму младите ќе го негуваат нашето македонско културно и историско наследство и ќе ја водат државата мудро, чесно и одговорно“, порачува Божиновска.

На крајот од честитката таа посакува делото на Светите Кирил и Методиј да продолжи да обединува, инспирира и да потсетува дека знаењето е најсилната вредност што еден народ може да ја носи низ времето.

Share
Scroll to Top