Божиќен солен венец - Reporter.mk

Божиќен солен венец – Reporter.mk

пред 6 месеци

100 мл топла вода
1 и 1/2 лажиче сув квасец
1 лажиче шеќер
200 мл топло млеко
2 јајца
50 гр путер
1 лажиче сол
1 парче бри сирење
За сирењето
малку магдонос
2 лажици маслиново масло

Во топлата вода додајте го квасецот и шеќерот, промешајте и оставете го да се активира.
Додајте ги другите состојки и почнете да месите околу 5-6 минути, да се добие мазно и меко тесто. Брашното додавајте го постепено, може да варира во количината. Оставете го на топло да се дуплира во волумен.
Убаво со рака истегајте го да излези воздухот и кратко премесете го.
Тепсијата во која ќе печете премачкајте ја со путер.
Одвоете од тестото еден мал дел, треба да го исучите танко, со големина на основата на тепсијата. Ставете го на долниот дел. Над него на средината поставете го парчето бри сирење.
Останатото тесто поделете го на 24 топчиња. Ќе ги наредите во два реда околу сирењето. Премачкајте го тестото со јајце (јас во него ставив малку оригано). Оставете го половина час да скисни. Вклучете ја рерната на 200 степени. Пред печење над сирењето ставете од изблендираниот магдонос со зачините.
Печете се додека тестото убаво да зарумени. После печењето украсете ја со нешто зелено и црвено.

Share

AnimeHeaven attack on titan anime heaven: Watch Attack on Titan Episode 22 (https://animeheaven.pro/m/Eo/ep-22)

WCOStream wcostream pokemon: Watch Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 10

Scroll to Top