Бонтон за секс кој треба да го знаете

Бонтон за секс кој треба да го знаете

пред 8 месеци

Без разлика дали сте сама, омажена или во врска, би требало да ги научите овие 28 правила на сексуалниот бонтон.

1. Секогаш кажете што сакате во кревет. Вашиот партнер не може да ви ги чита мислите, па доколку не може да ви удоволи, кажете му што не е во ред. Бидете трпеливи.

2. Престанете да глумите оргазам. Доколку се преправате, никогаш нема да доживеете оргазам и тоа ќе биде ваша вина. На крајот на краиштата, тој ќе мисли дека тоа што го прави „пали“ кај вас, па така и ќе продолжи.

3. Сексот не толерира себичност. Онолку колку давате, толку и ќе примите.

4. Не го задоволувајте оној кој не е спремен вас да ве задоволи. Добриот маж никогаш нема своето задоволство да го стави пред задоволството на својата жена. Вашиот оргазам него дополнително ќе го возбуди.

5. Не плашете се да бидете гласни. Викајте, повикувајте, пејте – сè што треба е да бидете свои и да ги искажете емоциите онака како што вие сакате.

6. Не го отфрлајте од себе доколку првиот секс не бил добар. Одличниот секс бара вежбање.

7. Прво и најважно е да научите како да се задоволите самите себе. Дајте му шанса да ве задоволи, а ако не оди – па, вие го заслужувате најдоброто.

8. За анален секс е потребно согласност од двајцата партнери.

9. Мастурбацијата не е само за мажи. Жените кои се самозадоволуваат имаат подобар секс, тврдат истражувањата.

10. Мастурбацијата не е нешто што морате да го правите сами. Покажете му каде да ве допре.

11. Треба да ги знаете своите граници во сексот, но и да бидете отворени.

12. Не морате секогаш да кажувате ДА. Сосема е во ред да не сте за секс.

13. Но доколку постојано кажувате НЕ, тоа може да ви ја уништи врската. Доколку постои емотивна блиска во врската, поработете и на физичката – затоа што и таа е важна.

14. Вашето тело е прекрасно. Без разлика дали сте слаби, подебели, големи или мали – вие сте убави жени. Не дозволувајте некој да каже дека тоа не е вистина.

15. Не се дружете со маж со смета дека предиграта не е важна.

16. Не мора тој секогаш прв да иницира секс, тоа можете да бидете и вие, обидете се. Ќе ви се допадне и на двајцата.

17. Ако имате секс без кондоми, време е за разговор: за статусот на вашата врска, за полово преносливи болести, за инфекциите, за децата…

18. Не ја потценувајте важноста на бакнувањето. Тоа е клуч на емотивната блискот и во текот на сексот.

19. Не го осудувајте туѓиот сексуален живот и никогаш не го споредувајте со вашиот.

20. Ако не сте сигурно дали сте доживеале оргазам, тогаш не сте! Дали сте доживеале оргазам, би го знаеле тоа.

21. Утринскиот секс му простува на утринскиот здив.

22. Купете си секси долна облека. Не само за него, туку и за себе. Во него ќе се чувствувате како божица.

23. Во сексот нема место за гадење. Непријатностите се дел од сексуалните игри.

24. Доколку сакате да кажувате „прости“ зборови во текот на сексот, тоа е во ред, сè додека и нему му е во ред.

25. Деталите од својот сексуален живот чувајте ги во тајност. Нека сексот биде нешто што е само ваше и на партнерот.

26. За вистинскиот маж, вашето тело секогаш ќе биде секси – без разлика на килограмите, стриите, целулитот…

27. Додека практикувате секс, максимално користете ги своите и неговите раце – допирајте ја личноста, не рацете.

28. Уживајте, оставете ги грижите за подоцна и дозволете си себеси максимално да се опуштите и растеретите

Share

AnimeTV free anime: Watch High School DxD Episode 10

AnimeHeaven anime heaven website: Jujutsu Kaisen (TV) Recap Episode Full

Scroll to Top