Бразилскиот фудбалер Хулк доби ќерка со сестрата на неговата бивша жена. Тој беше 12 години во брак со Иран Анџело со која има три деца. Во 2020 година ја изневери со сестра ѝ Камила со која сега ја добија ќерката Заја. Таа ќе добие државјанство на САД затоа што се роди во Мајами.
За потсетување, Иран поднесе барање за развод од Хулк кратко откако папараците го снимија фудбалерот со нејзината сестра. Бразилецот од тогаш е во врска со помладата сестра и со неа често споделува фотографии на социјалните мрежи. Понекогаш знае и да наздрави во чест на бившата и на тој начин да ја испровоцира, пренесуваат тамошните медиуми.
Медиумите пренесоа дека Иран тешко го поднела разводот, а за честитка за нивната свадба објави нималку нежна порака. Таа објасни дека тоа што Хулк ја оставил, направил да таа биде посилна и како одново да е родена.
„Лагата и предавството се како ножеви. Ви го сечат месото, ве тераат да крварите и да умирате од внатре. Но, за оние кои веруваат во Господ, оваа смрт значи повторно раѓање. Со секое разочарување и откриена лага, повторно се раѓам, затоа што Исус ме прави посилна. Фала му на Господ за уште едно ослободување“, рече тогаш Иран.





