БРАКО сo 15% раст за периодот јануари-септември во споредба со истиот период лани

БРАКО сo 15% раст за периодот јануари-септември во споредба со истиот период лани

пред 2 години

Велешки БРАКО во првите три квартали од 2022 година продолжува да бележи позитивни резултати во работењето, и покрај сите предизвици со кои се соочува стопанството.

dobivaj vesti na viber

БРАКО бележи пораст на приходите од 15,65 % во периодот јануари-септември во 2022 година во споредба со истиот период лани.

Главен носител на овој пораст е значителното зголемување на извозот од дури 46%. Зголемениот извоз и производство повлекоа и зголемување на бројот на вработувањата во компанијата.

БРАКО произведува електрични и водородни возила за одржување на хигиена во урбани услови, жичани производи, опрема за здравствени установи и метални делови и компоненти кои се користат во автомобилската, градежната, енергетската и другите индустрии.

Производите на БРАКО се продаваат во над 40 земји од светот, а успешното работење и во 2022 година е резултат на храбрите одлуки на менаџментот да се инвестира во модернизирање и изградба на производствените хали, набавка на нови модерни технологии, внесување на иновации во производството и изградба на сопствени енергетски капацитети.

Share
Scroll to Top