Братот на Кејт Мидлтон откри како неговото семејство ја поддржувало за време на лекувањето од рак

Братот на Кејт Мидлтон откри како неговото семејство ја поддржувало за време на лекувањето од рак

пред 9 часа

Џејмс Мидлтон, помладиот брат на Кејт Мидлтон, заедно со остатокот од неговото семејство, ѝ дал целосна поддршка и љубов на својата сестра за време на нејзиното лекување од рак.

Џејмс (37) е автор на мемоарите Meet Ella: The Dog Who Saved My Life, кои ќе бидат објавени на 26 септември, а во пресрет на нивното објавување сподели увид во семејната врска со Кејт Мидлтон. Во интервју за Hello! Џејмс, кој живее во Беркшир со неговата сопруга Ализе, синот Иниго и шест кучиња, откри дека Мидлтонови се исклучително здружено семејство. Тој се присети како ја поддржуваа Кејт за време на нејзиното лекување и рече: „Ние сме многу блиско семејство кое поминува низ се заедно“.

Џејмс исто така спомна дека кучињата му помогнале да се справи со неговите сопствени предизвици и додаде дека верува дека кучето на Кејт Орла игра слична улога во нивното семејство. Кучето Орла, подарок од Џејмс, стана важен член на семејството на принцезата и принцот Вилијам.

Принцезата е фотографирана само неколку дена по враќањето на службените обврски. Девет месеци била „на пауза“ поради здравствената состојба. Таа организираше состанок во замокот Виндзор каде што разговараше за нејзиниот проект за ран детски развој, на кој присуствуваа членовите на нејзиниот тим и претставници на фондацијата посветена на децата.

Share
Scroll to Top