Актерот Игор Џамбазов и неговата девојка Илина, викендов дома си направија козметички третман за лице со црна маска. Игор ја објави сликата на Инстаграм и собра преку 4,000 лајкови, па се пошегува дека тој и Илина сега се од племето Агуагу.
„Брат вие сте?“ го прашаа фановите, а Игор во негов стил одговори: „Не бе, Владо Јаневски и Цветанка Ласкова“.
По ова се нижеа коментари, од тоа дека се супер пар, до пораки дека никој не е пооткачен од нив.
Откако пред една и пол година открија дека се во врска, Игор и Илина постојано споделуваат заеднички фотки и не кријат колку се заљубени.